Американска атлетичарка ќе остане без настап на ОИ поради марихуана?

Американската атлетичарка Шикари Ричардсон доби позитивен тест на марихуана на американските олимписки квалификации, поради што остана без пласман во Токио.

„Њујорк Тајмс“ објави дека Ричардсон ја победи конкуренцијата во финале на 100 метри на американските квалификации, па така обезбеди настап на Олимписките игри (ОИ) во Јапонија.

Меѓутоа поради тоа што марихуаната е на листата на забранети супстанции на Светската анти-допинг агенција (ВАДА), Американката ќе остане без учество на игрите, а притоа може и да добие суспензија од еден месец до две години.

Ричардсон реагираше преку социјалните мрежи, каде што напиша „И јас сум човек“.

Се вчитува...