Американски атлеричар собори светски рекорд стар 21 година (ВИДЕО)

Грант Фишер го собори светскиот рекорд на 5.000 метри во сала стар 21 година. Американскиот атлетичар на универзитетот „Дејвид Хемери Валентин“ во Бостон истрча време од 12:44,09, што е за речиси пет минути побрзо од доскорешниот рекорд на Етиопиецот Кенениса Бекеле (12:49,60).

Новиот светски рекорд на Фишер доаѓа само една недела откако го постави рекордот на 3.000 метри на Игрите Милроуз во Њујорк.

Претходно тој освои два бронзени медали на Олимписките игри во Париз во конкуренција на 5.000 и 10.000 метри.

Се вчитува...