Американски коментатор со недолични зборови кон Дончиќ: Каков плачко! (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс претрпеа нов убедлив пораз во НБА лигата, овој пат од Шарлот и покрај новата одлична партија на словенечкот кошаркар Лука Дончиќ кој со 39 постигнати поени беше прв стрелец на средбата.

Асот на Лејкерс имаше одлична изведба на паркетот, но и покрај тоа наиде на критика и тоа од страна на коментатрот Ерик Колинс кој во пренос изјави „Овој дечко е плачко“ додека Дончиќ оспоруваше судиска одлука.

Зборовите на коментаторот наидоа на осуда во американската кошаркарска јавност која уште еднаш докажа дека кога станува збор за неамериканските кошаркари критериумите се различни.

Се вчитува...