Литвос Ритас немаше импресивна сезона во Литванија, а кошмарот за американскиот кошаркар Тејлор Браун продолжува и по елиминацијата во полуфиналето на плејофот. Тој е суспендиран од клубот поради слабите игри и незалагањето на дуелите со Лиеткабелис, но не може ниту да ја напушти Литванија. Причината е навистина бизарна. Неговото куче му го изеде пасошот, па сега Тејлор Браун ќе мора да мине низ детални процедури за да добие нова патна исправа.
„Заглавен во Вилнус. Барем да игравме во финалето. Вака, ќе биде навистина многу здодевно“, искоментира кошаркарот на Литвос Ритас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА