Американски тренер полуде и сакаше да го тепа судијата (ВИДЕО)

Тренерот на Алабама Блејзерс, Енди Кенеди беше многу изнервиран на натпреварот против Мемфис.

Судиите му досудија чекори на неговиот играч, додека Кенеди сметаше дека му претходела прекршок на кошаркарот на Мемфис. Кенеди целосно ги загуби нервите, му кажа нешто на судијата, додека неговите играчи го запреа за, можеби и физички да се пресмета со него.

Стратегот мораше рано да оди во соблекувалната по две технички грешки. Инаку, Мемфис го доби овој натпревар со 106-87.

 

Се вчитува...