Кошаркарите на САД летово ќе одиграат два натпревари во Абу Даби како дел од подготовките за Светското првенство на Филипините, Јапонија и Индонезија.
Од репрезентацијата објавија договор со Одделот за култура и туризам во Абу Даби, а како дел од тој договор САД ќе ги доведат Германија и Грција таму за натпреварите што ќе се играат во август.
Селекцијата на САД ќе игра против Грција на 18. август, а два дена подоцна против Германија. Грција и Германија ќе играат на 19. август. Федерацијата ќе го објави списокот на играчи за подготовките за Мундијалот на лето, пред составот да се собере во Лос Анџелес под водство на селекторот Стив Кер и неговите помошници.
Светското првенство ќе се одржи од 25. август до 10. септември во Филипини, Јапонија и Индонезија. Тимот на САД сите натпревари ќе ги игра во Манила. Ждрепката за Светското првенство ќе се одржи на 29. април.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

