Американскиот тенисер кој е следен противник на Ѓоковиќ: Новак е најголемиот спортист на сите времиња

Американскиот тенисер Рајли Опелка обезбеди пласман во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн каде ќе игра против најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓокови.

Тенискиот гигант (висок 211 ​​сантиметри) моментално е 293. тенисер во светот, иако пред две години беше на 17. место на АТП листата.

Сега го чека дуелот против Ѓоковиќ за кого има само пофални зборови.

„Никогаш не сум играл со Новак, а тој според мене е најголемиот спортист на сите времиња. Едвај чекам да излезам со него на теренот“, изјави Опелка. 

Се вчитува...