Американските кошаркарки бесни: Престанете да фрлате дилдоа на терен! (ВИДЕО)

Непримерното однесување на кошаркарските натпревари во женската НБА лига продолжува да предизвикува хаос и се повеќе е тема на разговор за медиумите во Соединетите американски држави.

Имено, секс играки повторно завршија на теренот на натпреварите помеѓу Њурјок Либерти и Далас Вингс, како и на оној помеѓу Лос Анелес Спарк и Индијана.

Апелите од кошаркарките, клубовите, одговорните лица и медиумите не вродија плод па се случи и првото апсење на 23-годишниот Дилберт Карверт кој е оптужен за нарушување на јавниот ред и непристојно однесување.

Се вчитува...