Американско засилување под обрачите за Бадел

Екипата на Бадел најпрвин потпиша нови договори со дел од играчите од ланскиот ростер, а трофејниот кошаркарски колектив сега се насочи и кон ангажирање на нови засилувања.

Првото странско засилување е американската кошаркарка Линдзи Клири, која ги покрива позициите четири и пет и треба да биде од голема помош во борбата под обрачите. Клири изминатата сезона беше дел од тимот на Брен Булс од Англија каде што била МВП на шампионатот a нејзиниот просек е 19.5 поени, 10.7 скока, и 2,8 асистенции.

„Се радувам што ќе играм за Бадел, очекувам да го пронајдам мојот ритам со тимот и да придонесам за победничка сезона. Благодарна сум што можам да ја донесам мојата работна етика која пак ми донесе награди за настап на Ол Стар и МВП во претходните сезони. Моето искуство ме научи да се фокусирам на она што можам да го контролирам: мојот став, напор и комуникација. На теренот, се надевам дека ќе ги инспирирам моите соиграчи да работат напорно и да играат едни за други. Дополнително, би ја ценела можноста да тренирам млади играчи, се надевам дека моето искуство ќе биде добредојдено. Надвор од теренот, се радувам што ќе доживеам друга култура, мојата желба е да научам повеќе за ова ново место“, изјави Клири по потписот на договорот со македонскиот клуб.

Се вчитува...