Американско засилување за Феникс 2010

Американскиот интернационалец Шакур Даниел во следната сезона ќе ги брани боите на кошаркарскиот прволигаш Феникс 2010, потврди скопскиот клуб на социјалните мрежи.

Даниел во македонското првенство доаѓа од Универ Тартелон од Тексас каде претходната сезона на 32 одиграни натпревари во НЦАА лигата бележеше просек од 7.9 поени, 3.1 скок и 3.0 асистенции по натпревар и ќе биде трет странски кошаркар кој ќе настапува за „виолетово-жолтите“ во сезоната 2023/24 откако претходно скопјани го потврдија ангажманот на Деандре Томас и Кајлех Стивенс.

Се вчитува...