Американците го нападнаа Јокиќ: Повторно продава театар на теренот (ВИДЕО)

Никола Јокиќ се најде на удар од американската јавност за време на натпреварот помеѓу Денвер и Јута (125-128). Јокиќ беше еден од хероите на победата на Нагетси, благодарение на блокадата и поените во последните десет секунди од натпреварот.

Сепак, Србинот се најде на удар поради потезите за кои беше обвинет дека „глумел“, односно симулирал фаули за време на контакт со ривалите.

„Она што Никола Јокиќ му го направи на овој човек е театар“, е еден од коментарите за дуелот помеѓу Јокиќ и Кеонте Џорџ во рекетот на Јута.

 

 

 

Се вчитува...