Американската машка штафета во дисциплината 4х100 метри мешано го освои златниот медал на Светското првенство во Будимпешта. Мет Гриверс, Кевин Кордес, Кејлеб Дресел и Нејтан Адријан светското злато го освоија со време од три минути, 27 секунди и 91 стотинка.
На Кејлеб Дресел ова му е седми златен медал што го освои на СП во Будимпешта и со оваа трка тој се изедначи со легендарниолт Мајкл Фелпс по бројот на освоени златни медали на Светските шампионати.
Откако Фелпс се пензионира по настапот на ОИ во Рио минатата година, а 32-годишниот Рајан Лохте беше суспендиран од настапот на СП поради ланскиот инцидент во Рио, Дресел сд енаметна како предводник на новата ера во американското пливање.
„Не знам дали ќе бидат добредојдени за мене тие споредби со Фелпс. Но, знам дека ќе дојде до тоа. Немам притисок врз себе поради тоа. Јас само сакам да продолжам да си ја работам мојата работа и во иднина“ – изјави Дресел за споредбите со Фелпс.
Честитка за успехот стигна и лично од Фелпс.
„Ова момче е во оган“ – напиша Фелпс на заедничката фотографија со Кејлеб Дресел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА