Американската боксерска федерија која ја претставува најуспешната земја во олимписката историја на спортот, ја напушти Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) и ќе се приклучи на отцепената федерација Светски бокс.
Извршниот директор на федерацијата Мајк Мекати напиша во писмо до членовите дека повлекувањето влегува во сила веднаш.
„Боксерската федерација на САД веднаш ќе започне со процесот на аплицирање за федерацијата „Светкски бокс“ и ќе ја поднесе потребната апликација на првиот ден од прифаќањето, на или околу 1. мај 2023 година. Боксерската федерација на САД е посветена на неуморно работа со „Светски бокс“. Федерациите, националните здруженија на истомисленици и светската боксерска заедница во олимписки стил да ја добијат привилегијата да бидат дел од олимпиското движење сега и во годините што доаѓаат“, изјави Мекати.
САД имаат освоено 117 олимписки медали во бокс од 1904 година, вклучувајќи 50 златни, но го бојкотираа неодамнешното Светско првенство за жени на ИБА во Њу Делхи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА