Американците ја понижија Италија на патот до полуфиналето!

Американците тотално ја понижија Италија во втората четвртфинална пресметка на Мундобаскетот 2023. „Дрим-тимот“ на САД славеше убедливо со 63-100 против Италијанците, и и се приклучи на Србија како втор полуфиналист досега на светскиот кошаркарски шампионат.

Италијанците само на почетокот некака, во првите пет минути одржуваа ритам со Американците, и тоа главно поради грешки на противникот, а потоа тотална доминација на САД кој без никакви проблеми ја демолираше селекцијата од Апенините.

Италија во првото полувреме кое го загуби со 24-46, постигна само неверојатни 24 поени што беше доволен показател како ќе се одвива натпреварот понатаму. Во второто полувреме уште поубедлва игра на Американците за конечна победа од 63-100.

Бриџис со 24 поени и седум скока беше најдобар кај САД, а кај Италија се издвои Фонтекио со 18 поени и пет скока.

Утре се играат последните два четвртфинални натпревари, Германија – Летонија и Канада – Словенија.

Се вчитува...