Американците му се поклонија на Ѓоковиќ: Тој не е само GOAT, тој е најголемиот жив спортист

Новак Ѓоковиќ стигна до најпосакуваниот медал во својата кариера – златото на Олимписки игри. Српскиот тенисер до овој успех стигна со триумф над својот најголем ривал на денешницата, Карлос Алкараз со победа од 2-0.

По освојувањето на „златниот слем“ за многумина повеќе нема дилема – Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња бидејќи повеќе нема аргументи кои велат дека Рафа Надал и Роџер Федерер имале поуспешни кариери од Србинот.

За тоа се сложува и американскиот новинар Џон Вартхајм кој за „Спортс Илустрејтед“ вели дека тој не е само најдобриот тенисер, туку и „најголемиот жив спортист“ на светот во својата колумна за познатиот медиум.

„Рекордерот по бројот на грен-слем титули кај тенисерите додаде недопирлив златен медал во својата колекција на титули. Што сега олимпиското злато говори за неговото наследство? Легендата Новак Ѓоковиќ продолжува да расте…

Дебатата за најдобар на сите времиња одамна е решена со 24 грен-слем титули. Ѓоковиќ со тоа одигра гем-сет-меч, но сега отвори потполно нова тема – дали тој е најголемиот жив спортист?“, стои во дел од колумната.

Се вчитува...