Екипата на Шкупи ќе биде значително ослабена во продолжението од кошаркарскиот шампионат на Македонија, откако клучните играчи Тај Херис и Џозеф Тејлор решија да си заминат од клубот од Чаир и својата кариера да ја продолжат во БиХ.
Двајцата Американци „во пакет“ се селат во редовите на Слобода, а босанските медиуми информираат дека тие веќе се пристигнати во Тузла и почнаа со тренинзи со својот нов клуб, за кој ќе дебитираат наредниот викенд.
Харис сезонава имаше просек од 19,8 поени и пет асистенции по натпревар во дресот на Шкупи, додека Тејлор беше импресивен во борбата под обрачите, стигнувајќи до просек од 20,6 поени и 12,3 скокови по натпревар. Јасно е дека нивното заминување ќе остави трага врз играта на чаирскиот прволигаш, кого го очекува жестока борба за опстанок до крајот на сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА