Арина Сабаленка и Аманда Анисимова ќе играат во финалето на Отвореното првенство на САД. Американската тенисерка, чии родители емигрираа од Русија, беше подобра од Наоми Осака во полуфиналето, откако претходно се одмазди на Иги Швјонтек за убедливиот пораз во финалето на Вимблдон.
Анисимова ја доби Јапонката по три часа игра и пресврти со резултат 6-7(4), 7-6(3), 6-3.
Најинтересниот дел од натпреварот беше вториот сет, во кој Анисимова (која веќе заостануваше во тоа време) дури имаше предност во брејк во три наврати и ги загуби сите три пати. Таа успеа да се консолидира, да слави во тај-брејкот, а потоа да го добие и „премине“ третиот сет без поголеми проблеми.
Во второто полуфинале, Арина Сабаленка беше подобра од Џесика Пегула во три сета, со 4-6, 6-3, 6-4.
Анисимова и Сабаленка досега се сретнале девет пати во кариерите, а Американката победи во шест наврати. За прв пат, ќе има можност да игра во финалето пред домашната публика на последниот Гренд слем во сезоната и да стигне до својот седми триумф.
Финалето е закажано за сабота во 22 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

