Американците не воодушевија, но ја совладаа и Германија

Соединетите Американски Држави со победа над актуелниот светски шампион Германија од 92-88 ги завршија подготовките за настапот на Летните олимписки игри во Париз кои почнуваат во петок.

Американците подобро го отворија натпреварот и по десет минути игра имаа предност од 29-19. Актуелнито светски шампион во вториот период заигра за нијанса подобро па до паузата успеаја да ја намали негативата на 48-40.

Германците одиграа неверојатен трет период во кој го прегазија големиот фаворит и по триесет минути игра имаа плус два (68-70). Во последниот период се играше во егал, а на крајот подобро се снајдоа Американците за конечен триумф од 92-88.

Се вчитува...