Американците откриваат детали: „Леброн и Дејвис не знаеле ништо, Дончиќ се уште е во неверување…“ (ВИДЕО)

Шокантната информација утрово од САД кој вистински го изненади кошаркарскиот свет и НБА фановите. Лука Дончиќ го напушта Далас Маверикс и се сели во Лос Анџелес Лејкерс!

Далас им ги понуди Лука Дончиќ, Макси Клебер и Маркиф Морис на Лејкерси, во замена за Ентони Дејвис, Макс Кристи и пик од првата рунда во 2029 година.

Американските медиуми пренесуваат детали од размената која шокираше многумина.

„Целиот договор беше направен во сенка. Леброн Џејмс не знаеше ништо, Ентони Дејвис не знаеше ништо. Ми рекоа дека Лука Дончиќ се уште е во шок. Не може да верува што се случува“ – пренесува ЕСПН.

Се вчитува...