Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ добива се поголема популароност во САД по извонредните настапи во дресот на Далас, во неговата дебитантска сезона во НБА лигата.
Бројките што стојат зад името на 19-годишниот Словенец се вонсериски за дебитант во најсилната кошаркарска лига во светот. Дончиќ поентира и одлично се снаоѓа и презема одговорност во клучни ситуации. Во досегашните 18 натпревари веќе стана омилен и препознатлив по своите карактеристични потези, па Словенецот доби и своја песна.
Одата за Лука Дончиќ е насловена „АлеЛука“ и е преработка од „The Ringer“ на славната „Алелуја“ од Леонард Коен во која е опеана генијалноста на младиот кошаркар и скепсата на Американците за европскиот талент.
Ringer Records is proud to present “Halleluka,” inspired by the Mavs’ savior, Luka Doncic ? pic.twitter.com/FU5UlrZ7bR
— The Ringer (@ringer) November 27, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА