Американците поразени од резервите на стартот на подготовките за Мундобаскет

Американската кошаркарска репрезентација во Лас Вегас ги започна подготовките за Светското првенство на кое, според сите проценки, ќе биде еден од фаворитите за златото.

На тоа укажуваат и имињата во тимот на Стив Кер, каде што нема ѕвезди, но има многу квалитетни кошаркари. На вториот работен ден во Лас Вегас, Американците одиграа и пријателски натпревар – меѓу себе.

Бидејќи немаше официјална статистика, а на новинарите не им беше дозволен пристап до тој меч, јавноста беше лишена од информации и детали за дуелот на играчите со кои Стив Кер ќе игра на Мундобаскетот.

На едната страна беше тим кој според реномето на играчите и квалитетот треба да биде напаѓачка навала на репрезентацијата на Мундијалот. Тие исто така треба да бидат стартери, иако Кер вели дека „сè уште не се одлучил за стартна петорка“ и дека сè уште пробува одредени работи.

Мечот траеше двапати по десет минути, а „резервистите“ победија со резултат 47-39. Првиот вистински тест САД ќе го имаат во понеделник кога ќе играат против Порторико, а потоа ќе патуваат во Европа на турнир каде ќе ги одмерат силите против Шпанија и Словенија.

Се вчитува...