Грег Берхалтер се враќа назад на кормилото на американската фудбалска репрезентација само шест месеци откако доби отказ од функцијата по завршувањето на СП 2022 во Катар.
Селекторот тогаш по враќањето дома се жалеше на непрофесионализмот на еден фудбалер, по коментарите стана јасно дека станува збор за Реина од Борусија Дортмунд, а вистинска војна настана откако во конфликтот се вклучи мајката на Реина, обвинувајќи го Берхалтер дека пред неколку години вршел семејно насилство над својата сегашна сопруга.
Веднаш потоа следеше суспензија на неопределено време на Берхалтер од страна на Фудбалската Асоцијација на САД, за по завршувањето на истрагата да биде обелоденето дека станувало збор за лажни обвиненија. По затворањето на целиот случај, Американците и покрај преговорите со неколку квалитетни европски стратези на крајот се решија да го вратат Берхалтер, кој со најновиот договор ќе остане на чело на националниот тим до СП 2026.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

