Од натпревар на натпревар Американците постојано се воодушевуваат на, како што велат, „чудото“ од Европа – феноменалниот словенечки репрезентативец Лука Дончиќ.
Дончиќ синоќа имаше уште една извонредна партија за својот Далас кој победи против Бруклин со 119-113.
Лука Дончиќ постигна 21 поени, дополнети со девет скока и седум асистенции, но демонстрирајќи притоа и нескриен квалитет кој ги носи победите за Далас…
Најефикасен на дуелот беше Барнс со 28 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА