Американците за шоу прекршуваат едно од најстарите фудбалски правила

Освојувачот на овогодинешното издание на Копа Америка ќе биде познат вечерта помеѓу недела и понеделник по средноевропско време кога на стадионот „Хард Рок“ во Мајами силите ќе си ги одмерат Аргентина и Колумбија.

Овој натпревар ќе биде поразличен од сите досега со оглед на тоа што ќе биде прекршено едно од најстарите фудбалски правила. Имено, на полувремето од натпреварот наместо вообичајната пауза од 15 минути ќе има пауза од 25 минути поради настапот на светско познатата поп-пејачка Шакира.

Американците се добро познато по шоуто на големите настани како Ол-стар натпреварот во НБА лигата и Супербоу-от во НФЛ па овој тренд нема да запре ниту на престижното натпреварување.

Времетраењето на паузата помеѓу првото и второто полувреме е строго препишано правило на фудбалската игра и засега е непознато дали Меѓунардната асоцијација на фудбалските федерации дозволила еднократно прекршување на правилото или пак организаторите се одлучиле на ваков потег самостојно.

Се вчитува...