Младиот 20-годишен играч на тетовска Шкендија Амир Нухија, остатокот од сезоната ќе го мине на позајмица во Шкендија од Арачиново. Тој заминува во второлигашот со цел да се стекне со поголема минутажа и да стекне поголемо искуство.
Шампионот, о согласност со техничкиот штаб, беше оценето дека во оваа фаза од неговата кариера најважно за играчот е да има повеќе минути на теренот за понатамошен развој. Во овој поглед, беше пронајдена заедничка основа со клубот од Арачиново и беше постигнат договор за негова позајмица до крајот на есенската полусезона.
„Шкендија му посакува на Амир Нухија многу успех и што е можно повеќе позитивни искуства во неговата нова авантура, со убедување дека ќе се врати посилен и поподготвен да го даде својот придонес во црвено-црниот дрес.“, стои во објавата на тетовскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

