Манчестер Јунајтед уште еднаш покажа карактер против големите ривали во англиското првенство совладувајќи го Арсенал по изведување на пенали во 3. коло од ФА Купот.
Тренерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим е свесен дека неговиот тим не блескаше во дуелот против „топчиите“, но смета дека заслужил да се пласира во следното коло од куп натпреварувањето и покрај тоа што и Арсенал не заслужил пораз.
„Арсенал не заслужи да загуби, но и ние заслужувме да победиме. Понекогаш она за што зборуваме пред натпреварот не е тактика или техника, туку токму ова. Секогаш треба да се натпреварувате без разлика на ситуацијата. Начинот на кој игравме и се боревме од самиот почеток беше тежок. Немавме преголем посед, но ја контролиравме ситуацијата и без топка. Сакам да им се заблагодарам и на сите навивачи. Беше неверојатно.
Понекогаш имате чувство дека на крајот се ќе биде во ред. Тоа го почувствував од почетокот на вториот дел, дури и по пеналот. Мислам дека тимот на Арсенал почувствува дека можеби денес не е нивен ден. Навистина сум задоволен од начинот на кој ја контролиравме играта без топка. Цело време ја контролираа топката, тоа беше жртва за моите играчи, но заслуживме да поминеме, бидејќи сите заедно страдавме и покажавме карактер. Тоа е многу важна работа“, вели Аморим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА