Аморим: Бесен сум, не можам да разберам

Манчестер Јунајтед и покрај сите очекувања да дебакл, успеа одигра 2-2 и да му одземе бодови на Ливерпул и тоа на „Енфилд“ во големото дерби на 20. коло во Премиерлигата.

Тренерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим беше задоволен од прикажаното на неговите избраници на оваа средба, но изрази незадоволство од осцилацијата на неговиот тим кој пред овој натпревар се наоѓаше во низа од четири порази едно по друго.

„Очекувањата на медиумите беа различни од тоа што го видовме. Навистина сум бесен, тешко ми е да разберам како можеме да играме вака на еден натпревар, а не на сите. Не е до системот, техниката, туку до нешто друго и тешко ми е да разберам како тренер.

Начинот на кој што игравме беше навистина натпреварувачки. Клучно е тоа што напаѓавме. Среќен сум за играта, но не и поради резултатите. Бесен сум поради другите натпревари“, изјави Аморим.

Се вчитува...