Aморим: Беше забавно, но мораше да победиме

Манчестер Јунајтед и Бормут одиграа фантастичен натпревар за крај на 16. коло во Премиерлигата кој заврши со реми од 4-4.

Стратегот на Јунајтед, Рубен Аморим не беше премногу задоволен од овој исход, бидејќи неговиот тим водеше три пати.

„Беше забавно за сите што го гледаа овој натпревар. Почнавме одлично, а потоа имавме прекин на звукот на почетокот на второто полувреме. Се вративме, поведовме со 4:3, а потоа моравме мирно да го завршиме натпреварот. Не успеавме и тоа е малку фрустрирачки“, изјави Аморим. 

Се вчитува...