Аморим брутално искрен: Манчестер Јунајтед е голем клуб, но не е голема екипа

Рубен Аморим имаше можност да го води Манчестер Јунајтед на неколку натпревари и да ги види на дело своите фудбалери. Португалецот е свесен дека предизвикот пред него е огромен, но и останува максимално реален во проценките.

Така, по последниот пораз на дербито со Арсенал новиот тренер на Јунајтед ги потсети навивачите на болната вистина – дека „црвените ѓаволи“ во моментов немаат екипа да се борат за титулата.

„Манчестер Јунајтед е голем, многу голем клуб, но за жал не е голема екипа во моемнтов. Јас го знам тоа, многумина го знаат, не е ништо срамота да го кажеме во јавноста. Тоа што е вистина, не значи дека ние ќе се предадеме, дека ќе се задоволиме со просечност или дека ќе ги промениме зацртаните цели, напротив, ние ќе работиме уште понапорно за да го вратиме Јунајтед таму каде што припаѓа. Очигледно е дека постојат проблеми во играта, ние ќе се фокусираме на малите детали во играта што ќе ни помогнат да растеме како колектив. Едно треба на сите да им биде јасно, ако сакаме да ја освоиме Премиер-лигата, сега или во иднина, мораме да трчаме како луди кучиња. Дури и да ги имаш најдобрите 11 фудбалери во светот во својот тим, без трчање не може да дојдат до резултат“, порача Рубен Аморим.

Се вчитува...