Манчестер Јунајтед претрпе уште еден пораз во Премиер-лигата, овојпат на гостувањето против Тотенхем со што „црвените ѓаволи“ продолжија да тонат и моментно се наоѓаат на 15. место на табелат.а
Рубен Аморим има нова причина за разочарување откако португалскиот стратег загуби уште еден дуел, а за причина за поразот ја посочи неефикасноста на своите фудбалери.
„Мечот имаше една разлика, тие дадоа гол, ние не усепавме. Имавме шанси, имавме добри ситуации во транзиција, но не успеавме да ги претвориме во израмнувачки погодок. Тешко е со толку многу повредени фудбалери, се надевам дека неколку од нив ќе успеат да се вратат за следниот меч. Мораме да останеме заедно, да ја завршиме оваа сезона и летово да свртиме нов лист“, изјави Аморим.
Португалецот напомена дека го разбира незадоволството од навивачите, но и дека не стравува за својата работа.
„Искрено, не сум загрижен за својата иднина. Ги разбирам нашите навивачи, како се чувствуваат, јас најмногу од сите мразам да губам, тоа чувство по пораз е убедливо најлошо. Сепак, јас сум овде да помогнам играчите да се развиваат, тимот да победува, тоа е мојата желба. Убеден сум дека сме на вистински пат… јас сум загрижен за изгледот на табелата, но воопшто не сум загрижен за себе и својата иднина“, порача Рубен Аморим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

