Рубен Аморим само кратко време по преземањето на клупата на Манчестер Јунајтед веднаш се соочува со критики поради лошите игри и резултати на тимот.
На нов удар се најде по синоќешниот пораз од Њукасл (0-2) на „Олд Трафорд“, за да веднаш по мечот Аморим повика на реално согледување на ситуацијата и можност дури тимот да се бори за опстанок во лигата.
„Ние не треба да ги лажеме навивачите. Мора ситуацијата реално да се согледа и да се каже дека може и да испаднеме и од Премиерлигата, колку тоа и да звучи срамно. Мора нешто да промениме, но сигурно е дека оваа сезона ќе биде многу тешка. Мора да бидеме посилни и да се бориме. Знам дека ова е еден од најлошите моменти во историјата на клубот и тоа мора да го прифатиме. Мора на следниот меч да бидеме подобри“ – истакна Аморим.
Португалскиот стратег доби и прашање зошто не го користи Рашфорд кој овој пат беше повикан но не доби шанса за игра. На тоа Аморим со нервозен одговор.
„Јас мислам на тимот, вие мислите само на Рашфорд“ – рече кратко Аморим.
Рашфорд не беше единствениот зачудувачки потег на Аморим, она што падна во очи беше и вадењето на Зиркзе по половина час игра кој понижен замина директно во соблекувалната.
„Зиркзе е навистина добро момче. Ќе му дадеме поддршка и одиме понатаму. Навистина ми беше тешко да го направам тоа, но зборував со Џош и му реков дека беше важно да испратиме порака. За тимот беше потребно тој да биде изваден од игра“ – истакна Аморим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

