Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим го коментираше натпреварот и поразот со Нотингем Форест со 1-0 во 30. коло од Премиерлигата.
Тимот од Олд Трафорд беше поразен со гол уште во 6. минута на својот поранешен играч Антони Еланга кој успеа да се „прошета“ низ одбраната и да го совлада Онана. Јунајтед се обиде да се врати, но не успеа.
„Го контролиравме натпреварот, и знаевме дека играме против екипа која знае да постигне голови од ништо. Имавме неколку добри моменти, меѓутоа во последната третина од теренот ни недостасуваше тоа завршно додавање. Овој натпревар мораше да го добиеме. Немаше да бидам задоволен ниту со реми, а на крајот загубивме три бода. Го знаеме противникот, со етен потег може да дојде до ситуација која не ни се допаѓа и тоа е фрустрирачки. Им помогнавме да дојдат до трите бода“, рече Аморим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА