Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, не можеше да ја сокрие огромната возбуда по триумфот од 5-4 на неговиот тим на реванш-дуелот од четвртфиналето во Лига Европа против Лион, и пласманот во полуфиналето.
„Црвените ѓаволи“ веќе беа елиминирани кога на пет минути до крајот на второто продолжение имаа негатива од 2-4, но со три гола за само шест минути успеаја да дојдат до триумф од 5-4 и пласман во полуфиналето. А победничкиот гол го донесе Хари Мегваер.
„Ова беше прекрасна вечер. Неверојатно. На 2-4 изгледаше како се да е готово – но не и тука. Ете затоа ова е ‘Олд Трафорд’ – ‘Театарот на соништата’. Тука се е можно“ – рече Аморим притоа дополнувајќи:
„Почнавме добро, но потоа покажавме замор. Знам каде погрешивме, има уште многу за подобрување, но најважен е карактерот кој го демонстриравме“.
Јунајтед сега во полуфиналето го очекува Атлетик Билбао…
„Сите сили ќе ги насочиме кон Лигата на Европа, во Премиерлигата до крајот ќе им дадеме шанса на помладите фудбалери. Го сакаме тоа финале“ – вели Аморим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА