Аморим ги воодушеви сите во Манчестер Јунајтед, веќе доби и прекар

Манчестер Јунајтед ја започна новата ера во својата историја под водство на Рубен Аморим. Португалскиот стратег го наследи „жешкото столче“ од Ерик тен Хаг и навивачите со нетрпение го чекаат неговото деби.

Репрезентативната пауза му донесе на Аморим простор за адаптација на „Островот“, а се чини и дека веќе ја освои соблекувалната на Манчестер Јунајтед според последните информации на британските медиуми.

Неименуван извор за „The Sun“ откри дека фудбалерите се презадоволни од неговите тренинзи и неговото однесување, а веќе добил и прекар – „Мурињо 2.0“.

Интересно, Жозе Мурињо и Рубен Аморим и ги поврзува Манчестер Јунајтед бидејќи младиот стратег стажирал под водство на постариот за неговото време поминато на „Олд Трафорд“.

Се вчитува...