Манчестер Јунајтед со гол примен во последните секунди од судиското продолжение не успеа да слави на гостувањето против Лион, во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Европа. Па, сега со 2-2 ќе го очекува реваншот на „Олд Трафорд“.
„Онана? Што Онана? Ако гледате низ цела сезона, последните натпревари и месеци јас направив повеќе грешки од Онана. Немам што да му кажам на Андре за да му помогнам, најважно е да биде свој. Имам голема доверба во него“ – истакна Аморим.
Според статистиката од Премиерлигата, Онана од почетокот на претходната сезона има направено осум грешки кои воделе до гол за противникот, што е најмногу меѓу голманите во англиското првенство.
Аморим, осврнувајќи се на мечот, вели дека Јунајтед заслужи победа е примениот гол во последниот гол е разочарувачки момент кој ете се случува во фудбалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА