Аморим го има решението за проблемите во нападот на Манчестер Јунајтед

Почетокот на ерата на Рубен Аморим во Манчестер Јунајтед донесе ново разочарување откако овој славен англиски клуб потфрли и под водство на Португалецот. Во моментот „црвените ѓаволи“ се на 14. место во Премиерлигата, а беа елиминирани и од Фулам во ФА Купот.

Манчестер Јунајтед се соочува со огромни проблеми во нападот, но Аморим го има решението за надминување на потешкотиите кое ќе го чини најмалку 75 милиони евра. Станува збор за трансфер на Виктор Осимен, нигерискиот голгетер кој во моментот е на позајмица во Галатасарај од Наполи.

Очекувањата се дека Манчестер Јунајтед следното лето ќе ја активира откупната клаузула во неговиот договор со што ќе ја „совлада“ и конкуренцијата. За потписот на Осимен се заинтересирани и Челси, Тотенхем и Арсенал.

Се вчитува...