По 14 месеци поминати на клупата на Манчестер Јунајтед, португалскиот стручњак Рубен Аморим (40) беше отпуштен од „Олд трафорд“. Аморим ги напушта „црвените ѓаволи“ како статистички најнеуспешен менаџер во ерата по Алекс Фергусон.
Под негово водство, Јунајтед ја имаше најлошата сезона за повеќе од половина век и го пропушти пласманот во Европа само втор пат за 35 години. Португалецот е шестиот менаџер на Јунајтед, без да се сметаат привремените менаџери, откако легендарниот Сер Алекс се пензионираше, а Аморим има убедливо најмал процент на победи, само 36,9%.
Најуспешен беше Жозе Мурињо со 58,33 проценти од победите, по него следуваа Ерик Тен Хаг со 54,69% и Оле Гунар Солскјер со 54,17%. Дејвид Мојес имаше 52,94%, а Луј Ван Гал 52,43%.
Додека не се назначи нов тренер, тимот ќе го води Дарен Флечер, поранешен играч од средниот ред на Јунајтед и сегашен тренер на тимот до 18 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

