Аморим го врати Рашфорд во тимот на Манчестер Јунајтед

Рубен Аморим целосно го игнорираше Маркус Рашфорд во изминатиот период, па одличниот голгетер не се најде ниту на клупата за резерви на последните четири средби на Манчестер Јунајтед.

Страстите се чини конечно се смируваат откако португалскиот стратег попушти и реши да го врати Рашфорд во тимот за вечерашниот дуел со Њукасл. Во ситуација кога тимот е во огромна резултатска криза, Португалецот реши да го вклучи голгетерот во поширокиот состав, оставајќи го на клупата за резерви на почетокот од вечерашниот дуел.

„Не е лесно да се состави екипата, но имаме многу фудбалери кои се повредени, па Рашфорд доби шанса да биде дел од тимот“, изјави Аморим.

Манчестер Јунајтед на овој меч ќе биде без повредените Маунт, Линделоф, Маласија и Лук Шо, додека Фернандеш и Угарте нема да настапат поради суспензии.

Се вчитува...