Аморим: Играчите се плашат штом излезат на терен, тоа мора да се смени…

Рубен Аморим дојде во Манчестер Јунајтед и требаше да биде стратег што ќе ја прекине кризата што владееше под водство на Ерик тен Хаг. Не само што тоа не се случи, туку Јунајтед загуби шест од 11-те натпревари под водство на новиот тренер, паѓајќи во долниот дел од табелата, па „црвените ѓаволи“ моментно се поблиску до испаѓање од Премиер-лигата отколку до борба за излез во фудбалска Европа.

Јунајтед денеска му гостува на лидерот Ливерпул, а Аморим во најавата за натпреварот стави до знаење што е главен проблем на неговиот тим во изминатиот месец.

„Фудбалерите се нервозни, дури и се плашат штом излезат на терен. Мораме да го промениме тоа, потребни ни се лидери, играчи кои ќе излезат на терен и ќе ја повлечат екипата напред. Залагањето е на високо ниво, се гледа дека се обидуваат, но проблемот е кога нема да тргне како што треба, веднаш паѓаме на психолошки план. Јас сум овде за да го променам тоа, јасно ми е дека јас сум најодговорниот за карактерот на тимот и резултатите, верувајте дека сите работиме напорно за тоа да се смени“, изјави Аморим.

Се вчитува...