Аморим има нов проблем – Алехандро Гарначо

Манчестер Јунајтед по голема борба успеа да слави над Ипсвич, но Рубен Аморим се соочува со нов проблем – однесувањето на Алехандро Гарначо откако Аргентинецот беше заменет пред крајот на првото полувреме и воопшто не седна на клупата за резерви туку се упати директно кон соблекувалната.

Замената следеше откако левиот бек Доргу доби црвен картон, а Аморим се реши од игра да го повлече токму Гарначо, иако крилниот офанзивец беше меѓу најдобрите поединци на теренот до тој момент. Навивачите го исвиркаа овој потег на португалскиот стратег, додека Гарначо разочарано се упати кон соблекувалната. Пред неколку месеци истото го стори и Маркус Рашфорд, по што поранешниот капитен на Јунајтед повеќе не заигра за тимот на Аморим и во јануари беше испратен на позјамица во Астон Вила.

„Ме прашувате за Гарначо и поради случката со Рашфорд, така? Знам, знам… Јасно е, ќе морам да разговарам со Гарначо на таа тема, ќе морам да му кажам што мислам“, кратко прокоментира Аморим.

Останува да се види дали Португалецот ќе продолжи да инсистира на „челична дисциплина“ и ќе го отстрани Гарначо како што тоа го стори со Рашфорд.

Се вчитува...