Манчестер Јунајтед се подготвува за сериозен ремонт во играчкиот кадар во текот на летниот преоден рок, „црвените ѓаволи“ ќе се обидат да се ослободат од скапо платените засилувања кои не ги оправдале очекувањата, а високо на таа листа се наоѓа Андре Онана. Камерунскиот голман пристигна од Интер за сума од 50 милиони евра во 2023 година, но воопшто не ги оправда очекувањата, со серијата грешки низ сезоната придонесувајќи за слабите резултати на Јунајтед.
Аморим е свесен дека ќе мора да доведе посигурен голман како прва опција во тимот, а информациите од Англија велат дека португалскиот стручњак донел и одлука на оваа тема. Желба на Аморим е управата да му го доведе Сене Ламенс, суперталентираниот 22-годишен белгиски голман кој настапува за Антверпен.
Тој неодамна беше повикан и во белгиската репрезентација по серијата одлични игри за Антверпен, во меѓувреме почнуди за Леменс подготија и Арсенал, Њукасл и Вулверхемптон, но во Јунајтед се убедени дека со 20 милиони фунти плус клаузули ќе го осигураат потписот на овој квалитетен чувар на мрежата.
Парите би биле обезбедени од заминувањето на Онана, за кого се интересираат клубови од Саудиска Арабија, подготвени да го доведат Камерунецот во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА