Аморим ја фати „метлата“: Тројца играчи заминуваат од „Олд Трафорд“

На Рубен Аморим не му требаше многу време за да сфати дека со доаѓањето во Манчестер Јунајтед стигна на средината каде што ќе има многу работа.

Португалецот се прослави по фудбалот што го играше неговиот Спортинг, но за таков фудбал му требаат и конкретни играчи, што би значело дека следното лето ќе биде многу зафатено на „Олд Трафорд“.

Сепак, така би можело да биде и оваа зима, бидејќи упатените во клубот тврдат дека Аморим има намера да се ослободи од некои играчи веќе следниот месец. Всушност, многу малку од нив се сигурни, односно има само десет играчи кои Португалецот дефинитивно има намера да ги остави во клубот.

На списокот кои моментално се „недопирливи“ се сметаат Диало, Мајно, Мазрауи, Де Лихт, Јоро, Онана и најверојатно Бруно Фернандеш и Алехандро Гарначо.

Оној кој не е и од кого Аморим сака што побрзо да се ослободи е до неодамна најголемата ѕвезда и дете на клубот, Маркус Рашфорд. Покрај Рашфорд, веќе е познато дека Аморим не смета на Кристијан Ериксен, но и на преплатениот Антони, кој во последно време е многу почесто предмет на потсмев отколку некој за чии настапи на теренот се зборува со епитети.

Се вчитува...