Коби Мејну сака да го напушти Манчестер јунајтед. Талентираниот играч за врска не ја добива потребната минутажа и времето кое би го сакал на теренот. Поради оваа причина, неговото незадоволство растеше и сега го извести раководството дека во јануари ќе бара нова средина.
Манчестер Јунајтед не сакаше да го пушти на позајмица ова лето. Рубен Аморим истакна дека верува во Мејну и дека во него гледа голем потенцијал, сепак повремениот англиски репрезентативец ретко добива шанса оваа сезона.
Тој во првите пет натпревари доби само 80 минути вкупно во Премиерлигата, а на два од тие натпревари не ни стартуваше. Единствениот натпревар што го одигра од почеток до крај беше оној во Лига купот против Гримсби.
Се уште не е познато дали Мејну трајно ќе го напушти Јунајтед или тоа би можело да биде позајмица, но играчот дефинитивно не е среќен на „Олд трафорд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

