Рубен Аморим изјави дека би сакал да го преземе Манчестер Јунајтед на крајот од актуелната сезона, но тоа не било можно.
Аморим, кој со Спортинг Лисабон освои две титули и одлично ја стартуваше тековната сезона, на 11. ноември ќе стане менаџер на „црвените ѓаволи“. Тој во изјава за португалските медиуми рече дека имал ултиматум од раководството на премиерлигашот.
„Мојот избор беше да заминам сега затоа што ми кажаа дека е „сега или никогаш“, морав да го направам тој чекор – тоа беше мој избор“, рече Аморим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА