„Аморим ќе добие отказ пред Божиќ“

Легендарниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер е уверен дека деновите на Рубен Аморим во Манчестер Јунајтед се избројани. Тој прогнозира дека Аморим нема да ја дочека Новата година на клупата на „Црвените ѓаволи“.

Карагер ова тврдење го базира врз основа на статистиката, која е катастрофална за Португалецот.

„Не сакам да кажам дека некој треба да биде опуштен затоа што тоа е непочитување, но сега мислам дека не е можно да продолжи на клупата. Неизбежно е дека ќе биде отпуштен пред Божиќ. За тренер на Манчестер Јунајтед има неверојатна статистика, односно за 50 натпревари тимот постигна само два гола повеќе отколку што прими“, изјави поранешниот дефанзивец на Ливерпул и на англиската репрезентација.

Во меѓувреме раководството на Јунајтед за време на репрезентативната пауза организираше мислење за менаџерот, и од капитените како и од фудбалерите, добиле позитивно мислење, што значи дека на Аморим ќе му биде дадено уште малку време да се докаже.

Се вчитува...