Ерата на Рубен Аморим во Манчестер Јунајтед не започна славно, но португалскиот стратег е оптимист дека во сезоните кои следат работите ќе се променат и неговиот тим одново ќе биде конкурент за титула.
Тоа го откри говорејќи на пресконференција пред натпреварот против Тотенхем на која воедно имаше и пофални зборови за противничкиот тренер Анже Постекоглу.
„Јас сум голем фан на Постекоглу. Сепак со целото мое почитување кон него, јас сум тренер во поголем клуб, клуб кој има и поголеми амбиции. Нашиот фокус е да ја освиме титулата во Премиерлигата пред 2028 година. Верувам дека можам да променам многу работи во клубот во следните неколку години. Во овој момент сме во тешка позиција, но наша обврска е секој ден да работиме и да напредуваме со ситни, но сигурни чекори“, изјави Аморим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

