Аморим: Ќе видите дека овие играчи на Манчестер може да победуваат

Новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим дебитира на клупата на Манчестер Јунајтед против Ипсвич.

Иако немаше вистински увид во состојбата на тимот поради играњето во репрезентациите – само еден тренинг, 39-годишниот Португалец е оптимист.

„Јас сум малку сонувач, но верувам во себе и во клубот – имаме ист менталитет. Разбирам дека навистина не верувате во овие играчи, но јас искрено верувам во нив. Сакам да пробам нови работи можеби не мислите дека е можно, но јас сум убеден во тоа“, изјави Аморим.

Брилијантно го предводеше Спортинг од Лисабон, а Јунајтед се најде на 13. место во Премиер лигата со 15 бода од 11 натпревари.

Се вчитува...