Аморим: Лига Европа е најмал проблем на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед продолжи да тоне и на почетокот на ерата на Рубен Аморим на „Олд Трафорд“. Очекувањата по превземањето на тимот од страна на португалскиот стратег беа големи, но проблемите на тимот се уште поголеми па и амбициозниот 40-годишен стратег кој правеше чуда со Спортинг го загуби „магичното стапче“.

На славниот англиски клуб до крајот на сезоната му останува само битката за трофеј во Лига Европа, но со оглед на проблемите таа е најмалку важна, вели Аморим.

„Луѓето мислат дека Лига Европа е единствената шанса и натпреварување кое може да го освоиме, како и конекција кон квалификација за Лигата на Шампиони, но да ви ја кажам вистината, мислам дека имаме поголеми проблеми на кои треба да размислиме“, изјави Аморим кој потоа ја образложи контроверзната изјава.

„Знам дека е чудно да се каже тоа, но се работи на нешто што сакаме да го изградиме, тоа ќе биде многу поважно од трофеј во овој момент“

Манчестер Јунајтед во првата елимианциска фаза во Лига Европа силите ќе си ги одмери со Реал Сосиедад.

Се вчитува...