Аморим лут ја напушти прес-конференцијата: Ќе биде вака додека сум тука, а потоа…

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, лут ја напушти прес-конференцијата по ремито на неговиот тим на гости против Лидс. Менаџерот од Португалија се реши да испрати остра порака до раководството на клубот за неговата иднина на Манчестер Јунајтед. 

Манчестер испушти бодови по втор пат за четири дена, а денеска не успеа да го совлада Лидс играјќи 1:1. Јунајтед има проблеми со повреди, но и со играчи кои се на Африканскиот Куп на Нациите.

Аморим испрати жестока порака до челниците на клубот, и тврди дека дошол во Јунајтед да биде менаџер, а не тренер.

„Дојдов тука да бидам менаџер на Манчестер Јунајтед, а не тренер. Секој оддел, скаутинг, спортски директор, секој мора да си ја работи својата работа. Јас ќе ја работам мојата 18 месеци, а потоа ќе видиме. Забележувам дека добивате селективни информации за се. Јасно е дека дојдов да бидам менаџер. Знам дека неговото име не е Тухел, Конте или Мурињо, но јас сум менаџер на овој тим. Ќе биде вака 18 месеци или додека менаџментот не одлучи да доведе некој друг, тоа е мојата цел и така ќе биде додека сум тука“, изјави Аморим.

Се вчитува...