Аморим: Мегваер треба да ни послужи како пример

Новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим го пофали стоперот Хари Мегваер за неговите одлични партии сезонава. Англичанецот, конечно, заигра како што од него се очекува, и затоа стигнаа низа на пофалби, меѓу кои и од тренерот.

Во изминатите сезони, стоперот често беше мета на критики и на потсмев кај многумина фудбалски љубители поради неговите несекојдневни киксеви. Сега за Аморим тој е важна алка од тимот на Манчестер сезонава, кому не му цветаат рози.

„Мегваер е играч кој работи многу добро. Фокусиран е на работата и не е тоа што зборуваат луѓето. Имал тешки моменти, но одлично ги преброди. Во овој случај тој е пример како треба да се преброди криза“, рече Аморим.

Се вчитува...